Русија би можела да доминира во северозападниот дел на Црното Море, доколку ја зајакне својата позиција на Змискиот Остров, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.
Во својот редовен разузнавачки извештај, Министерството наведува дека конфликтите на Змискиот Остров продолжуваат и оти Русија во неколку наврати се обидела да го зајакне својот гарнизон кој се наоѓа таму.
– Украина успешно ја гаѓаше руската противвоздушна одбрана и ги снабди бродовите со беспилотни летала Бајрактар. Руските бродови за снабдување имаат минимална заштита во западниот дел на Црното Море, по повлекувањето на руската морнарица на Крим, по загубата на бродот „Москва“, тврди британското Министерство.
Во соопштението се додава дека доколку Русија ја зајакне својата позиција на Змискиот Остров со стратешка противвоздушна одбрана и крстосувачки ракети за одбрана на брегот, таа би можела да доминира во северозападниот дел на Црно Море.