Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија користи „фабрика на тролови“ за да шири дезинформации на социјалните мрежи за војната во Украина и за политичарите во голем број земји, вклучително и Велика Британија и Јужна Африка.
Во истражувањето финансирано од Велика Британија се наведува дека мети на „троловите“ биле британски министри и други светски лидери, а трагите од операцијата биле откриени на осум социјални мрежи, меѓу кои Телеграм, Твитер, Фејсбук и ТикТок.
Во соопштението на британското МНР се посочува дека истражувањето открило дека кампањата за дезинформации на Кремљ била дизајнирана да манипулира со меѓународното јавно мислење за руската инвазија врз Украина, да ја зголеми поддршката за Русија и да регрутира нови симпатизери.
Русите ја користеле Телеграм за регрутирање и координирање на нови поддржувачи, кои потоа ги таргетираат профилите на социјалните мрежи на критичарите на Кремљ, пишувајќи коментари во корист на рускиот претсетдател Владимир Путин и неговата војна.