Речиси сигурно е дека Русија започна голема нова формација на своите копнени сили за поддршка на операцијата во Украина, пишува во дневниот билтен за разузнавање на британското Министерство за одбрана на Твитер.
Единицата наречена Трет армиски корпус е со седиште во градот Мулино, источно од Москва.
Според новите информации, руските команданти продолжуваат да имаат проблеми со конкурентните оперативни приоритети за засилување на офанзивата во регионот на источен Донбас и за зајакнување на одбраната од украинските контранапади на југ.