Состанокот со инескиот претседател Кси Џинпинг е уште една потврда за одличмите политички односи меѓу Србија и Кина, порачала српската премиерка Ана Брнабиќ, пренесува Танјуг.
„Кси потврди дека ќе ја прифати поканата на претседателот Вучиќ и дека и покрај густиот распоред ќе најде време за уште една посета на Србија“, изјавила Брнабиќ.
Брнабиќ разговарала и со францускиот претседател Макрон, во рамки на свечениот прием што кинескиот претседател го приредил за лидерите на делегациите кои учествуваат на 2. Кинески меѓународен саем за извоз ЕКСПО во Шангај.
При разговорот Макрон и срдечно и се заблагодарил што таа лично учествувала на комеморацијата на некогашниот француски претседател Жак Ширак и што Србија на тој начин и укажала чест на Франција (на комеморацијата Македонија го испрати Едмонд Адеми).
Во текот на првиот ден од посетата Брнабиќ разговарала со претставници на Хбис, Банката на Кина и Хуавеј за конкретна соработка.
Отворањето на Саемот во Шангај е утре, а на отворањето покрај кинескиот претседател ќе говорат и Макрон, како и грчкиот премир Мицотакис.