Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјавил дека и посакува добредојде на Грција во механизмот за соработка меѓу Кина и Централно-источните европски земји ( (CEECs) и очекува Грција да одигра позитивна улога.

Добрите желби биле искажани при неговата средба со грчкиот премир Мицотакис кој е во Шангај на 2. Кинески меѓународен извозен саем.

Грција беше примена за полноправен член во CEECs во април годинава на осмата средба меѓу лидерите на Кина и европските земји од централна и Источна Европа.

Кси истакнал дека Кина е среќна што Грција е гостин на саемот во Шангај што и дава можност да ги промовиара и своите производи на кинеските купувачи.

Како што истакнал кинексиот претседател, Кина има желба да вложи дополнителни напори за да се зајакне „взаемната доверба и практична соработка“ со Грција.

Тој ја подвекол и желбата на Кина да работи со Грција на Портата на Пиреја и на други проекти во рамки на новиот Пат на свилата, повикувајќи за поголема соработка во областа на енергијата. транспорот и телекомуникациите.

Во 2016 година, кинеска компанија (КОСКО) се здоби со мнозински удел во тогашното грчко пристаниште Пиреја. Во првата половина на 2019 година, прометот на пристаништето изнесуваше 70,6 милиони евра (77 милиони американски долари). Создаде повеќе од 10.000 работни места, а се испалтени 250 милиони евра во плати.

Кина и Грција, две земји наследнички на античките цивилизации, треба да ја зајакнат и културната размена и размената на луѓе, истовремено одржувајќи комуникација и соработка за важни меѓународни теми, рекол Мицотакис.

Грчкиот премиер го поздравил долгогодишното традиционално пријателство меѓу двете земји, велејќи дека нивната соработка им одговара на луѓето од обете страни. Пристаништето во Пиреја стана предводник на проектот за соработка, истакнал тој.

Грција е сигурен партнер за соработка на Кина и цврсто ја поддржува Кина за прашања во врска со нејзиниот основен интерес. Грците искрено очекуваат Кси да ја посети Грција што поскоро, додал Мицотакис истакнувајќи дека Грција ќе ја поздрави скеоја кинеска инвестиција.