Најмалку 11 лица, меѓу кои осум се деца, се удавиле во близина на турскиот брег откако им потонал чамецот. Жртвите се мигранти, јави агенцијата Анадолија.

Чамецот потонал во Егејско море во близина на Чешме, летувалиште на запад од Турција, спроти грчкиот остров Хиос, додава агенцијата, наведувајќи дека уште осум лица биле смесени од морето.

Засега не се соопштува идентитетот на загинатите.