Дојче веле – програма на бугарски јазик
Време е Брисел да ја покани Македонија на преговарачка маса. Меѓутоа, дали тоа ќе биде допуштено од еден сосед кој веќе 100 гоини се измачува со маккедонската фантомска болка, или ќе го блокира процесот, прашува професорот Волф Брунбауер.
С. Македонија слави 30 години независност. Во изминатите годините, општеството и политиката постигнаа исклучителни работи, иако земјата – за разлика од повеќето други во регионот – мораше да се бори против апсурдниот отпор што доаѓаа од земји на ЕУ. Крајно време е оваа „успешна приказна“ да биде наградена со пристапување во ЕУ. За таа цел, сепак, Брисел исто така ќе мора да ги смири расправиите во рамките на Европската унија.
Ова го пишува професорот Волф Брунбауер, директор на Лајбниц институтот за источни и југоисточноевропски студии, на почетокот на својата обемна анализа за Република Македонија. Овде цитираме само неколку извадоци од оваа анализа, која започнува со потсетување дека Бугарија беше првата што ја призна независноста на новата држава.
Успешна балканска приказна
„С. Македонија има многу проблеми: широко распространета невработеност, ниски плати, намалување на населението, голема емиграција, корупција и дефицит на владеење на правото. Но, и покрај тоа, на многу начини таа е вистинска успешна балканска приказна. Пред 30 години, многубројни набудувачи искажуваа голема загриженост за земјата. Од една страна, имаше и продолжува да има тензии помеѓу македонското мнозинство и значителното албанско малцинство. Од друга страна: од крајот на 19 век, Македонија стана јаболко на раздор помеѓу Бугарија, Грција и Србија, кои со историски и етнички аргументи бараат права врз регионот, без оглед на тоа како луѓето таму се идентификуваат“.
Професорот Брунбауер детално да го анализира изодениот пат и многуте пречки со кои се соочи младата држава.
Период на стабилизација по Груевски
„Кај македонското население преовладува демократската свест. Тоа уште еднаш го докажа соборувањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски, чие владеење во периодот 2004-2016 година постепено добиваше поавторитарен и националистички облик. Дел од сомнителното наследство на оваа Влада е обидот да му се даде антички изглед на главниот град. Многу модерни згради во Скопје беа украсени со одвратни класични фасади, а центарот на градот беше загрозен од бројни историски споменици на македонските херои, почнувајќи од Филип, таткото на Александар Велики. На овој начин требаше да се докаже дека македонскиот народ бил наследник на античките Македонци“.
Во вториот дел од својата анализа, професорот Волф Брунбауер се осврнува на прашањето за членството на Македонија во ЕУ:
„ЕУ им понуди перспектива за членство на земјите од Западен Балкан доколку ги исполнуваат критериумите од Копенхаген. Откако Владата на социјалдемократите и Зоран Заев дојде на власт во 2017 година, Северна Македонија постојано спроведува реформски курс. Овој курс доведе и до едно уникатно решение во историјата на Европа, за кое премиерот презеде сериозен политички ризик: промена на државното име (…)
Спорот со Софија
Но, Владата во Скопје си направи сметка без бугарскиот лав, кој повторно ја откри својата македонска опсесија. Бидејќи во имагинарната карта на бугарската нација Македонија стои како територија што всушност треба да биде бугарска и за многу Бугари до денес е тешко да ги прифатат Македонците како независна нација, а камоли македонскиот како посебен јазик. Од Академијата на науките, дури до обичниот таксист, вклучително и во владините кругови во Бугарија, тие се премногу приврзани за митологијата дека историјата на Македонија пред 1944 година е дел од бугарската историја, а времето потоа, вклучително и појавата на македонската нација, се само некаква заблуда наметната од Тито.
Од минатата година, а последно на Самитот на ЕУ во јуни 2021 година, бугарската Влада стави вето на почетокот на преговорите со С. Македонија за членство во ЕУ. Како услов за ова, Софија бара историска и политичка потчинетост од Македонија. На пример, да се признае дека до 1944 година таму се зборувал бугарски дијалект, дека личности од бугарската историја не треба да се прогласуваат за Македонци, дека учебниците и наставните планови и програми треба да се прилагодат на „заедничката историја“, а написите што поттикнуваат „омраза кон бугарскиот народ“ да се избришат. Зад последното барање најверојатно се крие ставот дека оние написи што потсетуваат на злосторствата на бугарските окупаторски власти за време на Втората светска војна, не се погодни.
Очигледно е дека ниту едно од овие барања нема врска со критериумите од Копенхаген за членство во ЕУ – особено затоа што во самата Бугарија, во однос на владеењето на правото и слободата на медиумите, векторот покажува во погрешна насока “.
100 години „македонска фантомска болка“
На крајот од својата обемна анализа, Улф Брунбауер нагласува дека Македонија ги толерира различностите и дека нејзините граѓани покажуваат верба во демократијата и посветеноста кон ЕУ. Според него, членството на земјата во Европската унија е важно не само во контекст на нејзината тешка економска состојба, туку и поради опасноста што доаѓа од недемократските тенденции што доаѓаат однадвор – од Русија, Турција, Србија, па дури и од Унгарија.
На крајот од анализата Брунбауер пишува:
„Повеќе од иронично е тоа што членството го блокира земјата, која се претставува дека е најголемиот пријател на С. Македонија и која треба да има витален интерес за нејзиниот прием во ЕУ. Ова може да прерасне во вистинска трагедија не само за С. Македонија, туку и за веќе нарушениот имиџ на ЕУ на Западниот Балкан, каде што луѓето се чувствуваат заробени во вечното исчекување и се соочуваат со нови и нови барања. На крајот на краиштата, перспективата за членство е единствениот ефективен инструмент за надворешна политика на ЕУ – и сега Евросојузот ќе дозволи тоа да го загрози земја која во моментот не е во состојба ниту да формира сопствена влада, но затоа, пак, веќе 10 години страда од нејзината „македонска фантомска болка“.