Нема објективна истрага кога Заев и Филипче ќе водат истрага за Заев и Филипче, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев веќе втор ден се крие од јавноста за трагедијата во Тетово. Дознавме дека моралната одговорност на Филипче ќе зависела од истрагата. Но Филипче треба да знае дека морална одговорност не се утврдува, туку треба да се чувствува. Во овие траорни моменти најважно е да се има јасна слика за истрагата и преземање на одговорноста, се вели во реакцијата.

Нема објективна истрага, се додава во соопштението, кога Заев и Филипче ќе водат истрага за Заев и Филипче.

– Затоа тие треба да се повлечат и поднесат оставка. Треба да се дадат одговори ако не е проблем изградбата на болницата, дали тогаш е проблем функционалноста и менаџирањето на истата. Зошто министерството на Филипче не може да го гарантира здравјето на граѓаните?- се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ за трагедијата што се случи во Тетово.