Откако ги избрусија и шахтите со 16-кракото Сонце од првото знаме на самостојна Република Македонија, властите денеска со метални табли ги „украсиле“ и спомениците на мостот Око во Скопје.

– Утрово на мостот Око пред секоја фигура која е дел од македонската историја во антиката осамнаа метални табли со содржина која сите ги припишува на грчката историја, гласи објавата на Фејсбук од граѓани.

Распродажбата на македонската историја продолжува. Актуелната власт, се уште, со соседна Бугарија преговара за Гоце Делчев, а со Грција од поодамна ја заврши работата на штета на Република Македонија.

Корисници на Фејсбук и други социјални мрежи револтирано ги коментираат овие потези на власта.

(Д.Г.)