Во Македонија половина се Македонци, а половина се граѓани на Република Македонија, вели родољубот Горан Ангелов, кој издржува казна за македонски патриотизам.

Во продолжение неговата целосна објава на Фејсбук:

– Секоја нација има поединци со здраво ткиво, нешто како матични клетки или бели крвни зрнца. При напад на туѓо тело, или метастаза, реагираат само тие, а не и цел организам. А општество е жива материја еволуира со тек на време. Другата половина секогаш ќе витка кичма, нема да се јавува на мобилизација, ќе шета од партија во партија, ќе магистрира, докторира, па ќе гради општествена кариера. А онаа половина што ќе го чува општеството ќе меша бетон ќе продава на пазар ќе гледа деца со 10.000 денари, ќе работи во погон. Тие ќе редат цигла по цигла, додека не изградат куќа, болница, факултет и држава… Тие ќе градат држава, не ЕУ и НАТО, СОРОС, УСАИД, аналитичари и интелектуалци. Тие испагаат на улица не невладини … Тие се народ … Затоа кога и да видите онака припрост како се мачи работејки одете и помогнете му , тој е како нас ,народ, објавува Ангелов.

На крајот од објавата додава: Да живее Македонија!