Зелените коридори по теченијата на Лепенец и Серава се ветувања од мојата програма кои влегуваат во фаза на реализација и јас искрено се надевам дека во многу блиска иднина граѓаните ќе имаат можност да почнат да уживаат во она за што денеска ќе разговараме, објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

– Улогата на реката Лепенец долг период беше запоставена, како потенцијален простор за поврзување со зелената мрежа на Градот, не само во смисла на подобрување на квалитетот на животната средина, туку и како рекреативен простор, особено заради определбата на Град Скопје да ја проширува својата територија за развој во непосредната околина на реката, објави Шилегов на Фејсбук.

Скопјани се надеваат дека зелените коридори крај Серава и Лепенец нема да бидат со иста судбина како тунелите под Кале, експресниот трамвај на гумени тркала, веловозот итн.