Струмица била и ќе остане пример за сите, објави денеска пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Браво Билјана Гунова, се додава во објавата на Костадинов на неговиот официјален профил на Фејсбук.

Овој локалпатриотски излив на струмичанецот Костадинов се однесува за наставничката Гунова, која ја преуредила училницата во забавно катче за учениците.

Секако дека примерот на Гунова заслужува пофалби, но малку е спорен локалпатриотскиот излив на Костадинов дека „Струмица била и ќе остане пример за сите“.

Навистина Струмица има чесни и вредни граѓани, но имаат и Битола, Прилеп, Кратово, Велес…

(Д.Г.)