Триесет и три годишна жена била пронајдена мртва во нејзиниот автомобил во гаражата од апартманот во кој живеела.

Убиството се случило во северното предградие на Атина во Кифисија. Локалната полиција била повикана по телефон од мајката на убиената. Жртвата била пронајдена мртва во автомобилот, а до телото биле откриени куршуми од две различни оружја со кои веројатно била застрелана.

Убиената е Катерина Анастасаки, а убиството се случило вчера, но телото било откриено денеска. Жената седела на седиштето за возачот. Според првичните информации од полицијата, 33-годишната жртва била застрелана со најмалку 15 куршуми.

Катерина Анастасаки била апсена во 2009 година за кражба, за грабеж, за носење оружје и за создавање криминална организација, а истата година веќе бил извршен обид за нејзино убиство.

Обидот бил повторен во 2011 година кога била застрелана од автомобил во движење. Тој обид претставувал расчистување на сметките меѓу криминалните групи. Тогаш Катерина била бремена, а девојчето кое го оставила сираче денес има седум години.