Со брзи кредити измамени 12 граѓани од источна Македонија во изминатите 15 месеци, покажува статистиката на СВР Штип.
Како што објави ТВ Сител, полицијата до ОЈО во истиот период поднела 5 кривични пријави и едно известување за сторени седум кривични дела, поврзани со измами за подигање на брзи кредити.
Три кривични дела се расветлени, а за останатите истрагата е во тек. Анкетираните штипјани се скептични, но и исплашени од начинот на кој многу лесно можат да бидат измамени и заглавени во долгови.
Последниот случај на измама за брз кредит е во Виница, каде што вработена во ПЕ на ПИОМ на туѓо име подигнала 4 кредити. Познат е и случајот кога лица на издржување затворска казна во штипскиот затвор на име на охриѓанец зеле кредит во висина од 100.000 денари.
Извор: ТВ Сител