Владата на денешната седница го разрешила Владо Бучковски од должноста специјален претставник на Македонија во преговорите со Бугарија за надминување на спорот.
Разрешувањето на Бучковски поминало на седницата како дел од точката „кадровски решенија“. Засега не се соопштени причините за резрешувањето.
Поранешниот премиер Бучковски беше именуван на таа функција кон крајот на 2020 година како идеја на и предлог на Зоран Заев.
Повеќе пати патуваше на средби во Бугарија каде даваше свои мислења и предлози како да се надмине спорот меѓу двете држави.
Голем дел од јавноста во Македонија не се согласуваше со неговите ставови околу начинот на разрешување на спорот со Бугарија.