Голманот на Парма, Џанлуиџи Буфон го прокоментира киксот на колегата од ПСЖ, Џанлуиџи Донарума во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид (1:3).

– На Донарума не му требаат адвокати. Ваквите грешки се корисни. Го кажувам ова затоа што навистина мислам така. Џанлуиџи веќе покажа дека ја има потребната сила да ги надмине таквите деликатни епизоди. Донарума е во Топ 3 голмани во светот заедно со Куртоа и Нојер. Грешките се дел од развојниот пат, истакна Буфон.

Да потсетиме, Донарума во средата на средбата со Реал направи грешка при првиот примен гол и го врати противникот во игра кој подоцна постигна уште два гола и го елиминира ПСЖ во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.