Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, во понеделник ќе го потпише договорот и ќе биде промовиран во нов играч на ПСЖ, објави „Лекип“.

Челниците на францускиот шампион претходно постигнаа договор со 40-годишниот голман, а до понеделник треба да „испеглаат“ неколку ситни детали.

Буфон утре во Париз треба да се појави на лекарските прегледи, а два дена подоцна ќе го стави својот потпис на двегодишниот договор со ПСЖ. Голманот во новиот клуб ќе има годишна плата од седум милиони евра, што е двојно повеќе од она што го заработуваше во Јувентус.

Исто така, Буфон ќе биде и амбасадор на Светското првенство во 2022 година, чиј домаќин ќе биде Катар.