Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза патот кон одбраната на титулата на Вимблдон го заврши во второто коло.

Мугуруза загуби од Белгијката Алисон ван Ујтванк со 2:1 (5:5, 6:2, 6:1) по речиси два часа борба на централниот терен.

Следна противничка на Ван Ујтванк, која е 47. на ВТА листата, ќе биде Естонката Анет Контавеит, која ја победи Американката Џенифер Брејди.