Бугарскиот филолог и историчар е непожелен за бугарската историја поради неговиот „грев“ што имал поинакво мислење за Македонија, Македонците и македонскиот јазик во 19 век.
Петар Драганов, по националност Бугарин, е роден на 1 февруари 1857 година во Комрад (тогашна Русија), денес Молдавија.
Драганов е славист, филолог и историчар, завршил историја и филологија на универзитетот во Санкт Петербург, Русија.
Бидејќи бил Бугарин по националност, бугарската црква (Егзархијата) го повикува Драганов да работи како професор во Солунската машка гимназија, заради ширење на бугарска пропаганда меѓу учениците Македонци кои учеле во Солун.
Драганов доаѓа во Солун и од 1885 до 1887 работи како професор во машката гимназија.
Кога дошол во Солун Драганов бил приврзаник на бугарскиот став за Македонците, односно пораснал со лажната бугарска историја со која бил школуван, дека Македонците се Бугари.
За време на предавањата, Драганов почнал да го истражува македонскиот идентитет и барал од своите ученици кои се Македонци по националност, да му носат и запишуваат песни, раскази, преданија, од сите делови на етничка Македонија.
После двегодишните обемни етнографски истражувања кои ги прави во Македонија, Драганов ќе изгради сопствен став за етничкото потекло и културниот идентитет на Македонците.
Според Драганов, Македонија е посебна етнографска целина на Балканот и македонските говори (дијалекти) се дел од посебен македонски јазик, а Македонците се посебен народ.
Поради ваквите негови ставови кои биле во директен судир со бугарската пропаганда, Бугарите веднаш го враќаат Драганов дома.
Откако ќе се врати назад, Петар Драганов преку бројни написи и предавања ќе ги постави темелите на македонистиката во Русија.
Извор: ОМО Илинден Пирин