Како сите народи, големи и мали, така и ние Македонците сме исправени пред дилемата да избереме еден од тие два спротивставени фронт на тие два система, два микрогледа за идното уредување и распределба на картата на Европа…

Сепак, ние како поробен и угнетен народ, ни се наложува јасно и категорички да застанаме идејно и на дело на фронтот за демократијата, слободата и рамноправноста во правата и обврските. Тоа е еден задолжителен долг на секој Македонец кој што го сака својот род и татковината…

Павел ШАТЕВ, во статијата „Еден задолжителен долг“, 13 мај 1938 година, во весникот Народна волја во Детроит, за поделеноста на европската и светската јавност на „два фронта, фашизмот – новата форма на европскиот империјализам и завојувања и фронтот на слободата и демократијата“. Статијата е документирана во Архивот на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, а цитираниот дел е со големи букви

(Историјата на Македонија, ДАРМ 2012)