Едно лице е приведено за нападот врз бизнисменот Љупчо Палевски, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, без да даде други детали.

Палевски на 17 септември беше нападнат од две лица со метален предмет кај неговиот дом во близина на трговскиот центар Буњаковец во Скопје.