Бугарската телевизија БТВ за денеска најави емитување на филм со наслов „Бугарин во С. Македонија“.
Во најавата, како што пренесе 360 Степени, не се наведува дали станува збор за документарец, но според објавени исечоци, во него има сведоштва на граѓани на Македонија кои се декларираат со бугарска самосвест, меѓу нив е и Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.
– По серијата вандализам во С. Македонија и тепањето на Христијан Пендиков – екипата на БТВ е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае – има ли омраза кон Бугарите таму. Ќе ве запознаеме со неколку мажи – родени и израснати во Северна Македонија, но велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство, пишува во најавата на БТВ.
За првпат, велат, јавно ќе зборуваат двајца браќа од Охрид кои биле приведени по нападот на Пендиков.
Филмот, според најавата, го снимале една репортерка и еден снимател