Привремената министерка за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова за БНТ коментира дека на денот на несреќата трхнала кон местото на несреќата на автопатот Струма, но по разговорот со премиерот Стефан Јанев, тој ја советувал да не оди.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Комитова, која е експерт за противпожарна заштита на објекти, има нешто многу чудно, а тоа е што пожарот избувнал многу брзо и се раширил, што се случува во многу посебни случаи.
– Несреќата со македонскиот автобус е комбинирана со пожар. Потешкото од пожарот е експлозијата, бидејќи нема време да се реагира, додаде Комитова.
Таа посочува дека, околу нас е полно со експлозивни елементи.
-Пожарот во автобусот на „Беса транс“ зафатил предмети кои многу брзо изгореле и немало време за реакција од патниците. Се добива впечаток дека возачот не се обидел да излезе од автобусот, иако тој имал најмногу време да се евакуира од автобусот. Возачот го познавал овој пат, бидејќи патувал секоја недела. За жал, извештајот од увидот на потот не е завршен, појасни регионалната министерка на Бугарија.
Безбедносната ограда на патот, вели Комитова, е направена по проект од 2002 година, што не значи дека е надвор од нормите, додавајќи дека во времето кога е направена била според правилата. Таа признава дека не претпоставувала дека автопатот „Струма“ е во таква состојба и дека несреќата ја отворила темата.
Комитова рече дека ќе се обидат да ја сменат брзината и обележувањето на патот, како и да ја натераат фирмата, кој е одговорна за тоа, побрзо да заврши со проектот.