Минатата година, трговијата на Бугарија со Иран изнесувала 117,5 милијарди долари, што е зголемување за 14 отсто во споредба со 2016 година. Увозот на иранска стока во Бугарија се зголемил за 112,3 отсто, односно за 58,6 милиони долари. Извозот на Бугарија за Иран се зголемил за 58,8 милиони долари.

Бројките ги презентирал бугарскиот министер за време на иранско-бугарскиот бизнис форум одржан во Техеран.

Караниколов истакнал дека форумот дава одлична можност за претставување на предноста на продуктите, производствените технологии и знаењата на двете држави.

„Се обраќам до бугарските фирми со повик да ги исползуваат можностите кои им се претставени и да организираат деловни средби“, истакнал бугарскиот министер. Тој додал дека иранскиот пазар е клучен со своето стратегиско место меѓу Блискиот исток, Централна и Јужна Азија и население од над 80 милиони жители.

Караниколов додал и дека Бугарија е подготвена да им даде поткрепа на иранските компании кои сакаат да инвестираат кај нашиот источен сосед.

Форумот се случува во време кога американскиот претседател Трамп ги повлече САД од договорот склучен меѓу големите сили и Иран за нуклеарната програма на Техеран и со тоа, практично, најави заострување на односите меѓу двете земји.