Бугарите бараат „брз старт“ на работите на делницата кон Македонија, директно признавајќи со тоа дека таму не се работи ништо.

Граѓаните од пограничните места се жалат зошто владата не им прави автопат, во исто време кога македонската Влада прави се’ за делот од Македонија во Коридорот 8. Бугарските медиуми дури известуваат за можна пренамена  на средствата во друг коридор поради фактот што состојбата е целосно заглавена од неактивната, бугарска страна. Ќе алармаирале и со општински петиции за да најдат слух кај централните власти. Во „декларацијата“ укажуваат на потребата од поголема активност на Бугарија во авто и железничката декница. Ќе ја испратат до бугарскиот претседател, парламентот, министерскиот совет и до други институции.

Во прилогот на БНТ се укажува дека Ќустендилските власти настојуваат да издејствуваат „брз старт“ на изградба на магистралата кон Македонија, како и за основаниот страв дека властите во Скопје (поради неактивноста на бугарската страна) ќе се пренасочат на Коридорот 10.

Оригиналниот текст и видео на БНТ