Тројца научници ги повикаа политичките партии да не си играат со темата пред избори. Предлогот за мисија „Македонија“ во ЕУ и САД научниците му го предложиле на бугарскиот претседател Румен Радев. Професорите Николај Овчаров, Ана Кочева и Пламен Павлов овој предлог денеска го објавија на конференција за медиумите во прес-клубот на БТА.
Тројца научници ги повикаа политичките партии да не си играат со темата пред избори.
Предлогот за мисија „Македонија“ во ЕУ и САД научниците му го предложиле на бугарскиот претседател Румен Радев. Професорите Николај Овчаров, Ана Кочева и Пламен Павлов овој предлог денеска го објавија на конференција за медиумите во прес-клубот на БТА, пренесе МКД.
Тие прецизираат дека мисијата треба да се именува „Македонија“, бидејќи има и други делови од Македонија кои не се во рамките на С. Македонија.
Идејата е мисијата да ја организираат бугарските амбасади, како серија прес-конференции на научници од Националниот круг „За Македонија“, на кои ќе бидат поканети новинари, академски претставници и други, на кои ќе се презентира бугарската позиција за јазикот и за историјата, а ќе бидат дебатирани и прашања поврзани со човековите права. Научниците предлагаат овие прес-конференции да се одржат во Вашингтон, Брисел и во главните градови на Шведска и Шпанија, земјите кои годинава претседаваат со Европската Унија.
Овчаров вели дека додека не се решат историските и јазичните прашања, нема да има патишта, автопати, железнички линии меѓу двете земји. Затоа тој инсистира да има иницијатива слична на онаа што беше претставена за време на бугарското претседателство со ЕУ, „Мисија Бугарија“.
„Ние треба многу подобро да ги презентираме нашите позиции отколку оваа смешна комисија“, коментира професорот Овчаров. С. Македонија не сака да влезе во ЕУ, смета тој.
„Самите постапки на политичарите кои владеат со таа земја го покажуваат ова. Гледаме канали на руско влијание во С. Македонија, без разлика колку тие велат дека се против тоа. Нивните постапки ни ја покажуваат врската Москва-Белград-Скопје. Тоа мора да се објасни“, рече Овчаров.
Професорот Пламен Павлов повика на просветлен патриотизам, но не апартхејд кон нашите тамошни сонародници.
„Крајно време е да имаме патриотски став каков што имаа Гоце Делчев и Васил Левски. Мораме да го најдеме најдобриот начин за дијалог со нашите браќа од Македонија. Не треба да се забрануваат луѓето кои имаат самосвест како Бугари“, истакна историчарот.
Извор: МКД