За нас не неприфатлив закон со кој ќе се амнестираат насилници коишто влегоа на тој црн 27 април во Собранието, одговори денеска на новинарско прашање Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ планира во Собранието да достави предлог за амнестија на осудените од тнр. „крвав четврток“, но тој нема да има поддршка од СДСМ затоа што, како што рече Костовски, „ние сме конзистентни во нашите ставови“.

– Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат повторно се покажува на дело. Опструираа, кочеа и никаде ги немаше кога беше потребно да се донесе сет, односно неколку сета на антикризни мерки во сред економска, ковид криза, тогаш бегаа. Кога станува збор за насилници тие се први и се гласни и секогаш биле такви. Ова е уште еден еклатантен доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ буквално ништо не е сменето. Истата матрица, истите луѓе, истите навики, истите политики, рече пратеникот Костовски.