„Поздрав, изворите на информацијата ми се од бугарската Влада и сум апсолутно сигурен во инфромацијата што ми ја дадоа!“
Ова е одговорот на новинарот на бугарскиот медиум „24 часа.бг“, Виктор Иванов, кој заедно со колешката Лилјана Клисурова, е автор на текстот во кој се тврди дека еден од петте предлози со кој Зоран Заев вчера допатувал во Софија и ги ставил на маса пред бугарскиот прмеирр Стефан Јанев, е формулацијата за јазикот која би гласела дека ние и Бугарите „зборуваме на ист јазик, но меѓународно признаени како два јазика“.
Веста на „24 часа.бг“ ја пренесоа македонските медиуми, а подоцна македонската Влада се огласи со одоговор на прашање до МКД.мк, велејќи дека станува збор за шпекулации.
Виктор ИВАНОВ, новинар на „24 часа“
На нашите две прашања во врска со ова – дали македонската Влада демантирала до „24 часа.бг“ и дали останува на објавената информација, Виктор Иванов ни го испрати одговорот што погоре го објавивме. Тој тврди дека изворот му е од бугарската Влада и е апсолутно сигурен во точноста на информацијата дека Заев предложил формулација според која македонскиот и бугарскиот јазик се исти, но признаени меѓународно како два различни јазика.
Што се однесува до демантот, Иванов не одговори, но самиот факт што на сајтот на „24 часа.бг“ такво нешто нема, јасно е дека Заев и неговиот кабинет не го демантирале во Бугарија тоа што овде, во Македонија, го оценуваат како шпекулација. Зошто? Мислиме дека е јасно!