Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Бојко Борисов, Деница Желева има позитивен тест на Ковид-19, премиерот е негативен но е ставен во карантин и се чека втор негативен тест, јави Бгнес.
Тестирани се и сите членови на делегацијата што беа во Брисел каде учествуваа на самитот на шефовите на држави и влади на Европската унија.
Во понеделникот, на 20 јули, владината прес-служба соопшти дека се утврдени два случаи на заразени со Ковид-19 меѓу вработените во администрацијата на Владата, по што зградата на 21 јули беше затворена за да се направи целосна дезинфекција.