Две семејства од Турција и Бугарија ќе бидат поврзани преку заемна трансплантација на два бубрега, објави турскиот весник „Сабах”.

Завит Ерик од градот Ван, источна Турција, дарил еден бубрег на Ибрахим Емин од Бугарија, а, пак, сопругата на Ибрахим, Сатифе Емин и дарила свој бубрег на Халиме Ерик, сопругата на турскиот државјанин.

– Како преродена сум, истакнува Ерик, која е мајка на 12 деца и баба на 30 внуци.

Иако има релативно големо семејство, никој од роднините не бил соодветен донор за Халиме, па спас нашла вон Турција – во Бугарија, каде што семејството Емин исто така имал потреба од донор.

Двојната трансплантација била извршена од страна на турскиот хирург Хамди Каракајали.