Министерот за надворешни работи со желби за просперитит и успех го честита „3 Март“ кој е национален празник на Бугарија како ден во кој е основана Сан Стефанска Бугарија која ја опфаќа и Македонија и која имаше краток рок на траење.

„Им посакувам на луѓето во Бугарија просперитет и успех. Убедум сум дека односите меѓу двете земји можат и натаму да се засјакнат во духот на европските вредности и добрососедството“ напиша Бујар Османи на Твитер.

Кај источниот сосед со сите почести од утрото се одбележува 145 годишнината од потпишувањето на мировниот договор во Сан Стефано и исцртувањето на границите на бугарска држава на огромна територија која ја опфаќала и речиси цела етничка Македонија, а кои останаа само на хартија.

Поклонување пред споменот на оние кои го дадоа животот за Бугарија! Среќен национален празник! “ порача Румен РАДЕВ – Претседател на Бугарија

Ангел Џамбаски, еден од најголемите негатори на македонскиот народ и држава, на социјалните мрежи сподели слика од Сан Стефанска Бугарија која ја опфаќа и денешната територија на Македонија.

Неговиот пример го следи и претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов кој упати иредентистичка порака.

3-ти март е наш национален празник затоа што ги зацрта границите на бугарската земја – каде живејат Бугари: во географски подрачја: Мизија, Тракија и Македонија“ пишува Стојанов.

Овој ден во Бугарија се одбележува како еден од најголемите национални празници. На споменикот на незнајниот војник владино – политичкиот врв, како и обични граѓани положија венци. Кај источниот сосед денеска е неработен ден.