„На Американците им понудивме да не примат во НАТО, зашто знаевме дека нема да не бомбардираат ако влеземе во Алијансата.“
Ова го открива некогашниот претседател на Владата на СРЈ, Момир Булатовиќ, близок соработник на Слободан Милошевиќ, во интервју за српскиот неделник Експрес.
-Милан Милутиновоќ тоа и го предложи на Медлин Олбрајт. На тој состанок пред Рамбује, кога Милутиновиќ и рече дека Србија е подготвенна да влезе во НАТО, таа прво се онесвести, не веруваше што и нудиме. Потоа се врати и рече: Не, то не е опција. А, ќе беше многу попаметно да не примеа во НАТО, наместо да не бомбардираат.
Булатовиќ објаснува дека Милошевиќ правел се што може за да не дојде до бомбардирање.
„Ги почнавме преговорите со умерениот Ибрахим Ругова. Но тогаш Америка реши да го исклучи од тој процес. Ругова беше претсавник на мнозинството Албанци и тие не беа за вооружен бунт и терористичко дејствување. Меѓутоа, тие на негово место ги инсталираа Тачи и Харадинај. На Американците им ја понудивме и базата Бондстил, со согласност на Владата на Србија и Југославија, за симболичен надомест од еден долар. Им нудевме и да управуваат со рудното богатсво, да им дадеме концесија на енергетските и рудните потенцијали на Косово и Метохија, зашто, ако ние не можеме да најдеме заеднички јазик со Албанците, тоа нека биде америкнска или англиска компанија. Се им нудевме само да нема војна,. Но, таа ним им беше потребна“, рекол Булатовиќ.