Германската армија планира поради недостиг од кадар, да вработуваат и странци од држави од Европската унија. Тоа го изјави главниот воен инспектор.

Во моментот, припадници на германските сили може да бидат само германски државјани.

Почетната плата изнесува 2.000 евра бруто, а на офицери околу 5.000 евра без бонуси.

– Вработување специјалисти од други држави од ЕУ е една од опциите што ги разгледуваме, изјави генерал Еберхард Зорн, одговорен за кадровски прашања и финансии.

Сега најмногу се бараат лекари и ИТ инженери. Во Германија моментно живеат околу 530.000 државјани на членки на ЕУ на возраст меѓу 18 и 30 години. Бугарија изрази загриженост поради можно масовно заминување на припадници на своите оружени сили во Германија.