Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари ќе се обиде без преходна најава, и без никаква направена анализа на теренот да депонира комунален отпад во атарите на селата: Прострање, Цер, Мало Црско, Големо Црско, Велмевц. Претходната недела спонтано се собраа жителите од посочените села изразувајќи го револтот и укажувајќи на недостатоците на постапката од страна на градоначалникот.
Разговорот беше мирен на високо интелектуално ниво од страна на жителите укажувајќи му на градоначалникот дека нема да дозволат од нивната чиста еколошка средина да се направи простор за одлагање на комунален отпад, со што би настанале несогледиви последици нарушувајќи го биодиверзитетот, а воедно загрозувајќи ги условите потребни за опстанок и живот на и онака мал број на жители.
Жителите посочија повеќе начини за решавање на овој проблем, но градоначалникот се оправдуваше дека тој мора, тој проблем да го реши, дека нема доволно средства, дека транспортот на сметот во други депонии би ги покачил услугите на комуналното претпријатие и не е сигурен дека тоа би било финансиски издржливо за граѓаните и дека најлесно му било тоа да го прави во близина на градот во околните села, не земајќи во предвид дека ќе се деградира животната средина, дури негативно обраќајки се кон жителите дека во секое село каде се среќавал до нив, скоро сите се правеле стручњаци по екологија и животна средина.
Таквиот однос не ги задоволи собраните жители, изричито му нагласија дека по никоја цена нема да дозволат да се складира комунален отпад во атарите на нивните села, го замолија да се сретнат во наредните денови, да организира јавна трибина во домот на културата во Кичево каде што стручни лица како и заинтересираните жители би дале предлози за решавање на проблемот.
Собирот заврши мирно иако на моменти тензично, бидејќи во еден момент на еден жител од соседната Општина Демир Хисар кој укажуваше на негативностите од неговата замисла со повишен тон градоначалникот му се обрати ” Јас морам да го решам проблемот, ќе го носиме отпадот, а ти дојди и спречи ме во тоа “.После тоа групата жители од с.Цер одржаа посебен состанок каде беа запознаени и останатите жители на с.Цер околу случајот и истите изразија револт барајќи да се запознаат сите релевантни структури во земјата, за да не дојде до таква не разумна постапка на градоначалникот на Град Кичево.
И покрај отпорот и протестот на мештаните, вчера градоначалникот на Кичево Дехари започна со депонирање на одпадот во близина на село Цер. Возачот на камионот откако ги виде насобраните мештани кои се спротивставуваат опадот да се депонира на ова место, се откажа од намерата и се врати назад. Мештните се сиурни дека наредните денови повторно ке има ваков обид.