Штетата предизвикана од невремето Кјара што ја погоди Велика Британија на почетокот на февруари ќе ги чини осигурителните компании околу 200 милиони фунти, пишува „Гардијан“.
Финансиската штета предизвикана од невремето и од поплавите по домови, автомобили и деловни објекти ја проценија експерти за осигурување на компанијата PwC.
Тие исто така предупредија дека сегашното невреме Денис уште повеќе ќе ја зголеми сумата што на крајот ќе ја платат осигурителните компании.