Косовскиот новинар Берат Бужала, не гледа благородна цел во одлуката на премиерот Еди Рама во својот кабинет да има двајца министри Косовци.
Гостувајќи во емисија на тиранската телевизија „Ора њуз“, Бужала рече дека со овој потег целта на Рама е да ја саботира Владата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и да премине на вториот план на меѓународната сцена.
– Тенденција да се саботира косовската Влада. Рама, кој ги прегази Социјалистичката партија и албанскиот кадар, сака да ја смета владата Харадинај за Б, додека владата Рама за А и во Брисел Рама да оди и да зборува во име на сите Албанци. Сака „да го минира (поткопа)“ господинот Харадинај, а не од благородни причини, посочи Бужала, кој е и главен уредник на приштинскиот весник „Газета експрес“
Со првата темелна реконструкција на Владата, по формирањето во септември 2017 година, премиерот Рама, Косовката Беса Шахини ја наименува за прв човек на Министерството за образование,спорт и млади и Гент Цакај, исто така од Косово, за министер за Европа и надворешни работи.
Уредбата на Цакај (26) не ја потпиша и шефот на државата Илир Мета, со образложение дека нема потребно искуство за оваа значајна функција и оти јавно ја подржува идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за размена на територии. Рама тогаш се предложи самот себе за оваа функција и по потпишувањето на уредбата од страна на Мета,тој на преземањето на функцијата министер сите надлежности му ги префрли на Цакај.