Девојки, бидете горди на себе и на своите дела, учењето, трудот и на сето она што допрва ќе го постигнете во животот, порачува министерката за образование Мила Царовска во честитката за Меѓународниот ден на девојките.
– Денеска, кога на 11-ти октомври го одбележуваме, Меѓународниот ден на девојките, светот се мобилизира да стане подобро, побезбедно и поеднакво место за живеење под мотото „Нашата генерација е дигитална генерација“. Годинава денот е посветен на еднаков пристап на девојките до дигитални уреди и инвестиции кои тоа ќе го овозможат, на што посветено и забрзано работи и МОН, објави Царовска на Фејсбук со хаштаг #МеѓународенДенНаДевојчето.
Откако пред неколку дена Царовска изјави дека „родителите им прават зло на своите деца што им даваат книги, наместо да учат од дигитални уреди“, повеќе дена е остро критикувана и нејзината изјава е коментирана со потсмев и иронија на социјалните мрежи.
На социјалните мрежи се врти и видео, за кое се тврди дека е од Прилеп, а од кое се гледа како книги и печатени учебници се собираат во трактор и се носат во отпад.