Со 62 милиони денари од кои 55,5 милиони денари се грант, а останатите се обезбедени од општина Велес, Езерото Младост станува смарт езеро кое ќе биде прва иновативна туристичка атракција во земјава.

Ова денеска го објави вицепремиерката во заминување, Мила Царовска на нејзиниот профил на Фејсбук.

Таа вчера заедно со нејзиниот колега Дамјан Манчевски и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, беше во посета на локацијата на идната туристичка атракција во Велес.

И така се случуваат чуда во македонската економија, во еден ден два настана: Во Скопје „погреб“ за Еуростандард банка, а во Велес туристичка атракција во најава.

(Д.Г.)