Сите мерки кои ги носевме досега за справување со коронавирусот, даваат резултати, објави вицепремиерката Мила Царовска.
– На почетокот преземавме мерки коишто ги немаше во ниту една земја во регионот, и во некои поголеми и поразвиени земји. На крајот на јануари беа поставени термални камери на аеродромот, а потоа и скрининг на граничните премини. Потоа, заедно со Инфективната клиника, ја усогласивме работата на повеќе институции од здравствениот и сите други сектори, со што го подигнавме степенот на превенција и справување со евентуални заболени. Со сите мерки коишто од почетокот превентивно ги преземавме, како рестрикција на движење, рестрикции во јавниот превоз, организацијата на производствените капацитети, за да се овозможи физичка дистанца, нас ни овозможи да имаме број на пациенти коишто можат да бидат соодветно третирани во болниците. Мерките вродуваат со плод. Имаме линеран број на новозаразаени и тоа му дава можност на здравствениот систем да одговори. Затоа е важно да ги почитуваме мерките. Само со почитување на марките ќе стигнеме до стабилизација и поскоро олабавување на мерките, како би се прилагодиле на новите услови на живот.#КоронавирусМК #KoronavirusMK #ЗаштитиСе #СедиДома, објави Царовска на Фејсбук.
За жал, Македонија убедливо најлошо стои во справувањето со епидемијата во споредба и со најблиските соседи Косово, Албанија и останатите. Како и според многу поголемиот бој на заразени, така и според бројот на излекувани пациенти.
„Клиничкиот центар“ под шатори, во Клиничкиот центар во Скопје, што го „изгради“ актуелната власт послужи само за сликање на вицепремиерката и министерка за одбарна Радмила Шеќеринска, градоначалникот Петре Шилегов, министерот Венко Филипче и други.
Од таму, нејасно е за какви резултати говори вицепремиерката Царовска, кога Македонија е црн рекордер и според бројот на заразени и според бројот на (не)излекувани и според бројот на смртни случаи не само во регионов туку и пошироко!?
(Д.Г.)