Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше средба со претставници на универзитетските студентски собранија на која  се разговараше за сите прашања  поврзани со младите и нивното квалитетно образование, но и за зајакнување на соработката помеѓу МОН и Собранието на студентите и воопшто со сите млади во државата.

– Министерката Царовска истакна дека студентите и младите ќе бидат еден од клучните партнери на министерството во креирањето успешни политики со кои ќе создадеме современо и квалитетно образование, но и ќе работиме на подобрување на младинскиот живот и стандард, информира МОН.

Претставниците на собранијата, како што се наведува во соопштението, истакнаа дека соработката е добредојдена и очекуваат активно вклучување на младите во креирањето на сите важни младински политики во државата, особено на оние кои се однесуваат на подобрување на условите за живот.