Основното образование го менуваме затоа што време е децата да излезат од начинот на механичко учење, објави денеска министерката за образование, Мила Царовска.

– Тие треба не само на слушаат туку и активно да учествуваат во наставниот час. Сигурни сме дека овој нов начин на учење ќе донесе попродуктивни часови, поголема интеракција меѓу учениците, поголема слобода за комуникација со менторот и секако повесели часови. Новата концепција за основното образованието започнува со учениците од прво и четврто одделение од следната учебна година. Децата ќе ги учат обучувани наставници по нови наставни програми и учебници, објави Царовска на Фејсбук.

И покрај многуте реакции од граѓани, експерти и институции од оваа област, Царовска е упорна во спроведувањето на новиот концепт во образованието.