На учениците им е здодевно в училиште, досегашниот пристап не им е интересен, тие се навикнати на дигитализација уште од најмали нозе, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес-конференција.

Таа присуствуваше на обука за обучувачи на наставници за основните принципи на новата Концепција за основно образование и начинот на примена на новите наставни програми за прво и четврто одделение.

– И во наредната учебна година ќе се оди со безбеден пристап, а кој и каков ќе биде не зависи само од МОН, туку и од епидемиолошката слика, од ставот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство, рече Царовска.

Одговорајќи на новинарско прашње потенцира дека е сигурна оти ќе најдат сигурно решение.

-Оддлуката за новата учебна година ќе зависи од епидемиолошката состојба, се останато е шпекулација и е спротивно на интересите на граѓаните и учениците. Сите се пред време информирани, пред време обучувани, пред време поставени сите елементи. И оваа година ќе знаат на време кога и како ќе се почне учебната година. Тоа не зависи само од Министерството за образование и наука, туку и од епидемиолошката слика, од ставот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и јас сум сигурна ќе најдеме најдобро можно решение затоа што гледате дека оваа година бевме една од ретките земји која што немашев воопшто застанување на образовниот процес надвор од календар. Како ветивме дека ќе почнеме, така и ја завршуваме учебната година. Од една страна образованието без прекин се спроведуваше, а од друга страна се заштити јавното здравје на учениците и настваниците, рече таа.

Да ја завршиме соодветно оваа учебна година, рече Царовска, да ја спроведеме матурата и понатаму да донесеме одлука на кој начин ќе почнеме од 1 септември.

Царовска информира дека Министерството за здравство, наставниците од прво до трето одделение ги има ставено во приоритетната листа за вакцинирање.

– Сега следува следна фаза. Ние етапно ги ипраќаме списоците на наставниците, посочи министерката Царовска.