Уште еден пример за тоа што на народот му е забрането, а дозволено на „моќните“ е и денешниот фудбалски натпревар меѓу Шкендија и Шкупи, на кој во публиката беа и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, собранискиот спикер Талат Џафери, вицепремиерот Артан Груби, градоначалничката Теута Арифи и други партиски и државни функционери.
На трибините имаше и публика, иако тоа со антиковид мерките е забрането и секојдневно се казнуваат стотици граѓани во Македонија за неносење маска или за прекршување на полицискиот час. А како што може да се види на видеото повеќемина од „моќниците“ не само што ги прекршуваат мерките како публика на стадион, туку повеќемина и не носат маски.
Од денешниот настан во Тетово, вицепремиерот Груби објави видео, кое може да го погледнете ТУКА и во коментар напиша: „Уриме Шкендија“ (Честитки за Шкендија).
(Д.Г.)