Цело СДС, вмровски град. Ова е најкусата шегобијна констатација по денешната изјава на поранешниот скопски градоначалник ПШ, пишува Курир.
Имено, ВМРО-ДПМНЕ испадна најголем работодавец и стопан на сите во СДС. Ова е факт кој произлегува по најновата изјава на Петре Шилегов, кој откако Венко Филипче вчера го исклучи од партијата посочувајќи дека Петре работи за ВМРО-ДПМНЕ, сега Шилегов обвини дена не ТОЈ, туку ВЕНКО одработувал за кој друг – ако не за ВМРО-ДПМНЕ?!?!
Со иницирањето на постапка за негово исклучување од СДСМ, ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вели дека се потврдиле неговите тврдења дека актуелното раководство на Социјалдемократскиот сојуз договорено одработува за ВМРО-ДПМНЕ и за интересите на владејачката партија, а не за СДСМ и неговото членство. Според него, актуелното раководство на СДСМ тоа го прави за да не биде предмет на евентуални кривични истраги.
„Кажав дека е очигледно оти постои договор кој предвидува СДСМ да биде во ваква состојба во којашто е, да ги промашува упорно темите и да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да истера два мандати, за сметка на тоа да не бидат предмет на можни евентуални истраги и кривични прогони”, изјави Шилегов по судењето за Пулс, кажувајќи директно дека Венко, ФАни, Ана, Шмрчко, Жерносвски и бандата се вработени во ВМРО-ДПМНЕ.
Шилегов рече дека исто така се докажало и дека партијата е целосно кадровски исцрпена и дека луѓето на кои им значи СДСМ, а се, како што кажа, сериозен фактор во државата, веќе не се таму. Според него, иницијативата за негово исклучување од СДСМ, е донесена спротивно на Статутот на партијата.
„Ако го прочитале Статутот, а таму во Извршниот одбор очигледно нема кој да го прочита, тогаш ќе им биде јасно дека исклучувањето на член на СДСМ го извршува општинската органзација каде што припаѓа, во којашто претседателот Филипче првпат влезе кога е избран за претседател”, вели Петре, инаку според Венко вработен во ВМРО-ДПМНЕ.
Тој го повика лидерот на СДСМ да дојде во Оштинската организација на партијата во Карпош и таму заедно со членството да разговараат за неговото исклучување, но и за, како што додаде, заминувањето на Филипче.
„Во однос на тоа дека тој завршил со Петре Шилегов, јас нема да дозволам она што го имам направено во својот живот професионално, но уште повеќе политички она што го имам направено за СДСМ и се уште го правам да го валка човек којшто нестатутарно е избран за претседател”, порача Петре.
Одговарајќи на новинарско прашање што планира во следниот период, тој рече дека веќе најавил завчера.
„Патформата продолжува, стратегијата се развива. Ќе го замолам ова раководство на СДСМ да си замине да ја ослободи партијата. СДСМ е партија којашто ја има создадено независна Македонија, е партија на илјадници и илјадници истакнати луѓе. СДСМ не е сопственост на една групација па со неа да се пазарат за својата слобода”.
На дополнително прашање дали со иницијативата за негово исклучување му се ускратуваат некои механизми за делување, тој рече дека апсолутно нема такво нешто. Надоврзувајќи се во одговорот, рече дека има очигледна тенденција да се забрани јавно да се зборува во СДСМ но додаде дека никој не може да ги победи уверувањата и идејата.
„Како може да биде грев да барате оставка од претседател кој партијата ја напарви петта во Скопје, трета во Куманово, трета во Велес, во Штип, во Битола, во Прилеп и потоа да ве убедува дека некој друг одработува за ВМРО, очигледно доведувајќи ја партијата до праг на опстанок”, подвлече Шилегов.
Неговата изјава следува откако Извршниот одбор на СДСМ вчера донесе одлука да иницира постапка за негово исклучување од членството на партијата откако тој во телевизиско гостување претходниот ден најави дека наскоро поголема група социјалдемократи ќе побара оставка од актуелното раководство.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска повторно го обвини Шилегов дека одработува за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, и рече дека нема да дозволи власта преку разни поединци да ја ситни и дели партијата.
Да, ЦЕЛ СДС – ВМРОВСКИ ГРАД, ова е најновата шега по социјалните мрежи…
Тоа ли сакаше да каже Филипче кмога деенска рече дека СДС РАСТЕЛЕ во рејтингот? Растат затоа што станале дел од ВМРО-ДПМНЕ ли?
ДА, само така има логика. Никако поинаку.
Првпат, Венко кажал вистина…
Изво: Курир




