Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) денеска соопшти дека нападите на организацијата „Исламска држава“ во Ирак и Сирија се речиси двојно побројни од минатата година.
Во соопштението на ЦЕНТКОМ се наведува дека организацијата ја презела одговорноста за 153 напади во Ирак и Сирија само во првата половина на 2024 година, а бројот бил 121 во текот на целата 2023 година.
„Зголемувањето на нападите покажува дека ИСИС се обидува да ги обнови своите сили по неколку години намалени капацитети“, соопшти ЦЕНТКОМ.
Соопштението следи по 10-годишнината откако таа вооружената група прогласи калифат во големи делови на Ирак и Сирија.