Централната банка на Кина ќе ја поддржи стабилноста на економијата во 2022 година, изјави гувернерот на Централната банка на Кина Ји Ганг.

– Соочена со пад на побарувачката, проблеми со снабдувањето и падот на очекувањата, кинеската економија е под краткорочен притисок, така што сега е неопходно одржување на стабилноста, рече Ји Ганг.

Како што нагласи, Централната банка ќе обезбеди монетарна политика која е и флексибилна и целисходна, и ќе одржува висока стапка на ликвидност.

– Со просечна каматна стапка на корпоративните заеми под пет проценти оваа година, што е најниска досега, Централната банка ќе продолжи да поттикнува рефинансирање на малите бизниси и да ја зголемува квотата по потреба, рече Ји Ганг.