Во родилиштето во Цетиње денеска за помалку од час и половина се породиле сестрите Оливера Мугош Миџор, Јасна Ракочевиќ и Јелена Вукчевиќ во исти ден.
Сезоната на раѓање ја „отворила“ Оливера, таа во девет часот наутро го родила Стефан, по неа се породила Јасна, која ги донела на свет близнаците Урош и Ања, а во 11 часот се породила Јелена со малата Дарија.
– Пораѓањата поминаа добро. Семјеството и нивните деца се добри -вели д-р Предраг Јововиќ, кој го водеше гинеколошкиот тим.
Според него, тимот се состоел од тројца гинеколози, анестезиолог и педијатар, со повеќе медицински сестри, акушерки, педијатриски сестри и друг персонал.