Поради силниот ветар со брзина од 100 километри на час, чадот од пожарот во близина на Атина, стигнал на далечина и до 400 километри, односно речиси до островот Крит, според порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, кои објавија оптичката сателитска снимка од европскиот сателит Метеосат-11, јави дописничката на МИА од Атина.
Обработената снимка покажува дека рано утрово чадот од шумскиот пожар бил пренесен од силните северно- североисточни ветрови на најмалку 400 километри јужно и југозападно кон морето во близина на островот Китира и југозападниот морски дел кај Крит.
Според мерењата на Метео и Националната опсерваторија во Атина во текот на ноќта и рано утрово, односно во периодот меѓу 2:30 и 6:30 часот, јачината на ветрот била меѓу 94 и 114 километри на час.