Ќерката на директорката на ОУ Тодор Јанев во Чашка, Елена Николова која пред десетина дена беше нападната од гневна толпа на родители затоа што прифати отворање на албанска паралелка, се вработила во Државниот просветен инспекторат, дознава А1он.

Таа, како што пишува порталот, е вработена на позицијата советник во Инспекторатот каде што директор е Халил Фератов од Горно Јаболчиште, општина Чашка кој е кадар на Алијанса за Албанците. Како директор тој му наложи на МОН да му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски што не отворил албанска паралелка во централното училиште иако во тој реон не живеат Албанци.

Целиот текст на А1он може да го прочитате ТУКА.