„Ја предупредуваме Турција да се повлече од Сирија“, одважно му кажа швeдската министерка за дипломатија Ан Линд на својот турски колега. Прочитајте како тој и возврати. Поучно за Османи и компанија:
АН ЛИНД: Отворено нагласив дека дека ќе продолжиме да се придржуваме до нашиот став и ставот на ЕУ за североистокот на Сирија. Ние продолжуваме да ја предупредуваме Турција да се повлече…
ЧАВАШОГЛУ: Ја предупредуваме Турција да се повлече. Како прво, зборот предупредуваме, не е исправно да се користи во дипломатијата, ниту е исправно да се има наредбодавачки став. Тоа не е исправен став. Зборот е погрешен. Од кого сте добиле овластување да ни се обраќате на тој начин, да барате да се повлечеме од Сирија или да ја предупредувате Турција? Од сирискиот режим или од ЕУ?
Ние не сакаме да ја поделиме Сирија, но вие сакате Турција да се повлече од Сирија зашто ја поддржувате терористичката ПКК која сака да ја подели Сирија. Дали вие барате Турција да се повлече од областа која ја исчисти од ИСИС? Ако ние се повлечеме оттаму, три милиони бегалци ќе дојдат во Турција и од Турција во Европа. Од каде да се повлечеме? Од областа што ја исчистивме од ИСИС? Вие така сакате да гледате на работите. Отворивте канцеларија, а на нејзино чело е човек обвинет за перење пари. Тоа се терористи. Послушајте ги Арамејците, Сиријците, христијанските малцинства… Што правеа со нив терористите? Послушајте го сиријските Курди, Курдите од Европа… Ве молам одете и разговарајте со мајките во Дијарбакир кои ги чекаат своите деца година дена. И тие се курдски мајки и тие заслужуваат почит. И вие сте мајка! Нека они ви кажат какви терористите се тие од ПКК. И ние мораме нашето мислење да го кажеме јавно зашто тоа ни е должност кон 83 милиони граѓани на оваа земја…. Ништо лично!